Одбојкарите на Струмица ја освоија шампионската титула во државниот шампионат на Македонија.
Струмичани попладнево со максимални 3:0 по сетови 25:18, 25:12 и 25:18, го совладаа тимот на Синалко во третиот натпревар од финалната серија на плејофот.
За Струмица ова е трета титула шампион на Македонија, откако првата ја освои 1994 година, а втората пред две сезони (2012 година).
Екипата на Струмица сезоната ја завршува со двојна круна, бидејќи пред две седмици триумфираше во Купот на Македонија.
Попладнево се игра и вториот меч од финалето во женска конкуренција, во кој Форца Волеј веќе има предност од 1:0 во дуелите со Јанта Волеј КВ.