Одбојкарите на Струмица поведоа со 2:0 во победи во финалната серија во одбојкарскиот плеј оф. Попладнево струмичани остварија триумф од 3:0 во сетови против Синалко во Крушево и сега потребна им е уште една победа за освојување на третата титула државен првак.
Гостите од Струмица сетовите ги добија со резултат: 25:18; 25:15 и 25:15. Домашниот состав на Синалко единствено равноправен беше во првиот сет кога имаше водство од 17:14, но потоа фаворитот ја презема контролата над резултатот.
Следниот натпревар, кој може да биде и последен, се игра в понеделник во Струмица.