Стојановски: Сите знаеме колку е важен за нас натпреварот со Косово

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски се надева на успех на средбата со Косово. Тој вели дека сите негови соиграчи се подготвени за дуелот кој е претпоследна пречка на патот кон Европското првенство.

– Од нас фудбалерите може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот. Сите знаеме што значи овој натпревар, како за нас, така и за целата држава. Мислам дека ќе биде тешка средба, ама се надевам дека ќе го победиме Косово. Нивната игра добро ќе ја анализираме. Ќе с епотрудиме со нашиот квалитет д аги нападнеме нивните слаби страни и на крајот да се радуваме на победа, изјави напаѓачот Стојановски.

На 8 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ македонските фудбалери се домаќини на косовската селекција во полуфиналето од плејофот во Лигата на нации.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска