Стоилов со пофалби до соиграчот Абутовиќ

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар со две победи над бундеслигашот Флензбург обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Тимот на двата дуела беше како еден, но на прес конференцијата по синоќешниот натпревар капитенот Стојанче Стоилов напомена:

– Мислам дека бевме подобри во двата дуела. Делувавме зрело и заслуживме пласман на Ф4. Работевме напорно и конечно ни се исплатеше. Ќе издвојам еден играч, кој ретко добива пофалби и е во сенка на другите – Илија Абутовиќ. Тој е нашиот најдобар играч сезонава, ретко е фален, но заслужува пофалби. Тој е одличен играч и одличен човек.

Тактиката за двата дуела беше одлично подготвена, а поуката од неуспехот од пред четири години разбрана. Тренерот Раул Гонзалез на пресот изјави:

– Конечно сме на Ф4. Горд сум на моите играчи, горд на сите во клубот. Играчите дадоа се од себе. Да им се заблагодарам и на тие што претходно беа дел од Вардар, Тоскиќ, Прибак, Чипурин, Брумен… сите што беа овде сите имаат свој придонес. Натпреварот беше тежок, Флензбург е добар тим. Добро одигравме во контрите, а во одбраната се функционираше на ниво.

Екипата од Германија можеше овојпат само да го честита пласманот на Вардар на завршниот турнир во Келн.

– Честитки за Вардар за добро одиграниот дуел. Вардар заслужено победи на двата натпревара. Ние се обидувавме нешто, но Вардар беше секогаш подобар. Имавме голем проблем со голманот на Вардар. Првиот дел беше добар и вториот исто така. Се обидовме да смениме со доза на ризик игравме и 7-6, што не го правиме, но не функционираше. За победа на ваков дуел треба да ги имате голманите, ние ги немавме, имаа само три одбрани. Ако сакаш да победиш во оваа сала, мора да постигнеш повеќе голови. Му посакувам на Вардар многу среќа во Келн, а ние ќе се насочиме кон следниот натпревар, изјави тренерот на Фленсбург, Љубомир Врањеш.

Вардар потенцијалните ривали за Келн ќе ги дознае во текот на викендот кога се играат другите реванш дуели од четвртфиналето. Извлекувањето на двојките е на 2.мај во Келн.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски