Стипе Мандалиниќ нов играч на Еурофарм

Од:

Репрезентативецот на Хрватска, Стипе Мандалиниќ е нов член на Еурофарм Пелистер, соопштија од клубот.

27-годишниот лев бек потпиша договор на две сезони.

Поранешниот играч на ППД Загреб во минатата сезона настапуваше за Фуксе Берлин.

– Добро вечер Битола, добро вечер на сите фанови на Еурофарм Пелистер, здраво за „Чкембарите“. Официјално се е готово, јас сум нов играч на РК Еурофарм Пелистер, се гледаме наскоро и тргнуваме кон освојување на титулата, изјави Стипе Мандалиниќ во видео порака од Загреб.

Хрватскиот репрезентативец ги носеше и дресовите на Карловац и Сплит.

Мандалиниќ е четврто засилување на клубот од Битола по Периќ, Кушан и Танкоски.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ