Стартува новата сезона во кошаркарската Евролигата

Од:

Со натпреварот ЦСКА Москва – Литвос Ритас вечерва од 18 часот започнува сезоната 2012/13 во кошаркарската Евролига.

Уште двајца кошаркари кои ги бранеле боите на македонската репрезентација, во 1.коло ќе играат на гостински терен. Владо Илиевски и Маркиз Грин со Цедевита Загреб, од 18:45 часот гостуваат во Каунас кај Жалгисрис.

Перо Антиќ со Олимпијакос одбраната на титулата ќе ја започне вечерва од 20 часот пред својата публика во дуелот со Каха Лаборал, додека Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче Улкер во Истанбул го пречекуваат составот на Химки (почеток 20:45).

За денеска се закажани и натпреварите: Канту – Унион Олимпија, Уникаха – Макаби Тел Авив и Елан Шалон – Асеко Проком.

Дригите пет натпревари од премиерното коло во Евролигата се играат утре.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ