Фудбалерот на Ливерпул Даниел Стариџ верува дека ќе биде подготвен да игра на дербито против својот поранешен клуб Челзи.
– Се надевам дека ќе играм. Ако постигнам гол не би знаел да кажам како ќе реагирам, но сакам со однесувањето да покажам почит кон мојот поранешен клуб, изјави Стариџ за англиските медиуми.
Ливерпул во моментов е лидер на табелата во Премиер лигата, а на три кола пред крајот на шампионатот има пет бодови предност во однос на второпласираниот Челзи и шест во однос на Манчестер Сити кој е на третата позиција со натпревар помалку од конкурентите.
Големото дерби кое може да биде пресудно за шампионската титула во Англија меѓу Ливерпул и Челзи ќе се одирга попладнево со почеток од 15 часот и 5 минути.