Србљак со најголем скок од македонските тенисери

Од:

Од македонските тенисери најголем скок на АТП листата на последната промена објавена денеска има Горазд Србљак. Тој со бодот освоен на фјучрсот во Норвешка се искачи за 76 места и има вкупно 5 бодови.

Србљак сега се наоѓа на 1.262 место.

Најдобар ранг од нашите тенисери има Томислав Јотовски со 26 бодови, се наоѓа на 765 место. Димитар Грабул е на 998 место со 11 бодови, додека Бојан Јанкуловски (1.764 место) и Стефан Мицов (2.057 место) имаат по еден бод.

На врвот на АТП листата Енди Мареј го симна од „врвот“ Новак Ѓоковиќ, кој беше на првото место 122 недели  (Ѓоковиќ има вкупно 223 недели како број 1). Мареј сега е прв со 11.185 бодови, а Ѓоковиќ има 10.780.

Во ТОП 10 редоследот е следен: Стан Вавринка, Милош Раониќ, Кеи Нишикори, Гаел Монфис, Марин Чилиќ, Рафаел Надал, Доминик Тием и Томаш Бердих. Мареј е 26-тиот тенисер кој е на местото број 1 на АТП листата.

Голем пад има Рожер Федерер, кој со 2.130 бодови се наоѓа на 16. место и првпат по 2000 година не се наоѓа меѓу десетте најдобри тенисери. Федерер последниот меч во 2016 година го одигра на полуфиналето на Вимблдон, а поради повреди направи пауза. 

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен