Србиновски: Брзиот контранапад треба да биде стил на нашата репрезентација

Од:

Цврста одбрана, брзо отворање и контрите, можат да донесат резултати на Европското првенство кое од 5 до 20 септември ќе се одржи во Франција, Германија, Хрватска и Летонија.

Ова денеска го истакна селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија Марјан Србиновски на средба со новинарите на која информираше дека репрезентацијата е во одлична форма а за тоа, како што рече, допринесоа и трите победи над Израел (две) и Украина во Скопје и Охрид.

– Натпреварите ги изигравме квалитетно и со голема желба и залагање, а тоа е показател како треба да играме на европско. Посветуваме повеќе време на кондициониот тренинг за да бидеме  спремни максимално да го дадеме она што треба, кога ќе биде најпотребно во Загреб, истакна Србиновски.

Засега, потенцира селекторот, потребно е да се поправи транзицијата од одбрана во напад. Мора повеќе да се користи примарниот контранапад, за што е потребно повеќе да се работи. Србиновски рече дека токму тоа треба да биде стил на нашата репрезентација.

Според претседателот на КФМ Петар Наумовски за успех на ЕП, акцентот треба да биде ставен на одбраната, односно, како што рече, максимална физичка подготовка.

– Според групата што ја имаме на ЕП, по секојдневните натпревари што ќе ги имаме, ќе биде потребна брзо опоравување од натпреварите и повторно 100 процентна поготвеност за следниот натпревар, потенцира Наумовски.

За Марко Симоновски добрата игра, во подготовките против Израел и Украина, се должи на цврстата одбрана и максималното вложување на сите репрезентативци.

Според Александар Костовски постигнатите резултати во подготовките ќе ја подигнат самодовербата кај сите членови на репрезентацијата.

По трите победи во контролните средби против Израел и Украина, Македонската кошаркарска репрезентација се искачи пет места на неофицијалната ФИБА ранг листа и сега сме на 14. место. На првото место и понатаму е Шпанија, пред Франција, а трета е Србија.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он