Ракометната репрезентација на Србија доживеа дебакл во бараж ддуелот за Светското првенство во Катар, загуби од Чешка во Брно со резултат 33:21.
На првата средба во спортската сала „Чаир“ во Ниш, српските ракометари триумфираа со 23:15. Први стрелци денеска кај Чесите беа Мотл со 10 и Јурка со девет погодоци, додена на спротивната страна најдобро се истакнаа Рниќ со четири, а Никчевиќ, Илиќ и Митровиќ имаа по три погодоци.
Да потсетиме, македонската селекција реваншот против Грција ќе го игра в недела од 20:00 ч. во СЦ “Борис Трајковски“ во Скопје, а по првите 60. минути избраниците на селекторот Ивица Обрван имаат плус два позитива (25:27).