Србија и Кипар гости на фудбалски турнир во организација на ФФМ

Од:

Македонската кадетска фудбалска репрезентација идната недела ќе им биде домаќин на соодветните селекции на Србија и Кипар во рамки на меѓународен пријателски турнир во организација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски првиот натпревар на контролниот турнир на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го играат против Кипар на 12 септември со почеток во 15:00 часот. Четири дена подоцна, македонската фудбалска репрезентација до 17 години ќе се соочат со Србија, исто така, на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 11:00 часот.

Србија и Кипар својот меѓусебен дуел ќе го одиграат на 14 септември од 15:00 часот.

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Тони Јакимовски за контролниот турнир во Скопје ги повика следните фудбалери:

Голмани: Самоил Талевски (Академија Пандев), Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Бехар Серахи (Шкендија);

Одбрана: Симеон Здравковски (Њу Старс), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Андреј Аризанковски (Победа), Марко Стојилевски (Вардар), Анес Малиќи (Шкендија), Хадис Таири (Њу Старс), Матеј Јаневски (Работнички), Давид Саботковски (Хелсинборг, Шведска);

Среден ред: Азис Јамини (Ренова), Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓоргијевски (Академија Пандев), Адријан Зенделовски (Малме), Мухамед Елмас (Работнички), Кире Стојанов (Академија Пандев), Зани Назифи (Шкендија), Омерфарук Сулејмани (Шкупи).

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ

Стартот на Втората фудбалска лига одложен за седум дена

Фудбалската лига во Македонија пропаѓа поради монополизација на пазарот

Горан Наумовски