Спировски: На вистински пат сме да направиме нешто големо и Македонија повторно да игра на големо натпреварување

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски е уверен дека националниот тим предводен од селекторот Благоја Милевски има сили и квалитет да се избори за уште едно учество на големо натпреварување.

– Иако резултатски можеби не ги оправдавме очекувањата на македонските навивачи, сметам дека сме на вистински правец повторно да направиме нешто големо и Македонија да игра на големо натпреварување. Но, секако треба да сфатиме дека тимот е тој што го победува и најтешкиот и најсилниот противник. Ако сите се ставиме во функција на тимот и дишеме како едно тогаш сме на правиот пат, изјави Спировски за веб-страницата на ФФМ.

Тој е задоволен од соработката со новиот селектор за кого има само пофални зборови.

– Прв пат сме заедно, но веднаш се забележува неговата принципиелност во работата, како тренер, но и како човек, а тоа го потврдуваат и моите колеги кои веќе работеле со него. Мислам дека како тим ќе соработуваме добро во иднина.

Спировски истакнува дека подготовката за натпреварите е она што посебно ги прави задоволни фудбалерите во репрезентацијата, а се однесува на тактичката анализа за натпреварите, инструкциите кои ги добива секој фудбалер посебно и анализа на противникот до најситните детали.

– Подготовката за натпреварите е различна. Ние знаеме дека секој тренер има свој методи на работа. Овој селектор и неговите соработници ни ги доловуваат и најситните детали. Се внимава и посветува внимание на секој сегмент од играта, од недостатоците и слабите страни на противникот, па сè до нашата поставеност. Секој од нас знае што треба да прави на кој било дел од теренот, додава Спировски.

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски

Милевски објави список со 29 имиња: Двајца дебитанти, Радески е повратник, во тимот е и Чурлинов