СПАЛ остана без тренер

Од:

Тренерот на СПАЛ, Луиџи Ди Бјаџо, по завршување на последното, 38. коло од италијанскиот шампионат, објави дека ја напушта својата функција. Тој го презеде тимот во февруари, заменувајќи го Леонардо Семпличи. Договорот со специјалистот беше со важност до крајот на сезоната.

– Имавме договор да се разделиме ако тимот не избори опстанок. Кога бев поканет, верував дека можеме да победиме во борбата за опстанок. Подобро е да жалиме за неуспехот отколку да не се обидовме, изјави Ди Бјаџо за „Tuttosport“.

СПАЛ првенството во Серија А го заврши на последното, 20. место со 19 бода зад „безбедната“ зона.

Би можело да ве интересира

Пирло со триумф дебитира на клупата на Јувентус

Ана Ололовска

Суарез можеби нема да се пресели во Јувентус, тој нема време да добие државјанство

Ана Ололовска

Видал пристигна во Милано

Ана Ололовска

Пандев со гол ја започна сезоната во Серија А

Ана Ололовска

Интер ќе даде 1 милион евра на Барселона за Видал

Ана Ололовска

Каљари сака да го врати Наинголан

Ана Ололовска