СП ракомет: Познат состав на Македонија за дуелот со Јапонија

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез одлучи со кои шеснаесетмина ќе се обиде да ги освои првите бодови на Светското првенство.

Македонија попладне со почеток од 15 часот и 30 минути во Минхен се среќава со Јапонија во првиот меч од Б-групата.

Селекторот Раул за овој натпревар ќе смета на: Борко Рисовски, Никола Митревски (голмани), Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров, Филип Талески, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Кирил Лазаров, Горан Крстевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Марио Танкоски и Филип Чурлевски.

Друга Шанса за учество на Мундијалот ќе чекаат Златко Даскалоски и Милан Лазаревски.

Би можело да ве интересира

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски

Мојсоски ги храбри ракометарите пред првиот натпревар во Египет: Горди сме на вас!

Жарко Настоски