СП 2019: Шпанија преку Египет до квалификации за ОИ 2020

Од:

Ракометната репрезентација на Шпанија оствари победа против Египет со 36-31 (17-18) во мечот за седмото место на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска.

По денешниот триумф, Шпанците си загарантираа место на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио 2020.

Двете репрезентации одиграа изедначено прво полувреме и често се менуваа во водство, а „фараоните“ заминаа на паузата со плус еден разлика.

Во второто полувреме Шпанија играше далеку подобро и по првите десет минути прво поведе со +2 (23-21) а потоа дојде и до предност од 4 разлика (28-24). Избраниците на Рибера имаа највисока предност од 7 гола (35-28) а потоа го доведоа мечот до крајот за конечни 36-31.

Најефикасен кај Шпанија беше Кањелас со 9 погодоци, додека кај Египет најдобар беше Ел Ахмар со 6 гола.

Во вториот натпревар за денес, од 20,30 часот играат Хрватска и Шведска во борба за петтото место на Мундијалот.

Би можело да ве интересира

Кадетите ги добија противниците за СП 2019

ИХФ го прогласи идеалниот тим, Хансен МВП

Наум Локоски

Данска „ја згази“ Норвешка во финалето на Светското ракометно првенство

Наум Локоски

Франција подобра од Германија во дуелот за третото место на ракометниот Мундијал

Наум Локоски

Шведска го освои петтото место на СП во ракомет

Наум Локоски

Норвешка е вториот финалист на Светското првенство во ракомет

Наум Локоски