СП 2018: Ројс: Многумина во Германија посакуваа да испаднеме

Од:

Германија со гол во судиското продолжение ја совлада Шведска со 2:1 во натпревар од групата Ф на Светското првенство во Русија.

Стрелецот на израмнувачкиот гол за германската репрезентација Марко Ројс по натпреварот даде интресена изјава.

– Многумина во Германија посакуваа да испаднеме. Но, покажавме дека имаме тимски дух, иако Швеѓаните водеа. Имавме шанси и порано да постигнеме гол, но останавме одлучни до самиот крај, истакна Ројс.

Германија со голот од слободен удар на Тони Крос во 95-та минута ја победи Шведска и ги задржа шансите за понатамошен пласман на Мундијалот.

Во рамките на оваа група Мексико има шест бодови и е на врвот од табелата, Германија и Шведска имаат по три, а Јужна Кореја останува без бодови.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска