СП 2018: Португалија во осминафинале по бодот со Иран

Од:

Европскиот шампион Португалија продолжува кон фазата на елиминации на Мундијалот 2018, откако на крајот заврши на втората позиција во групата „Б“.

Во последниот натпревар, „морепловците“ одиграа 1:1 со Иран, а во исто време Шпанија ремизираше 2:2 со Мароко. Така двата тима од Пиринејскиот Полуостров собраа по пет поени и се со иста гол разлика од +1, но светските шампиони од 2010 година постигнаа еден погодок повеќе.

Голот за Португалците го постигна Кварезма во 45-тата минута, а Ансарифард израмни од пенал во 93-тата. Роналдо промаши пенал на почетокот на второто полувреме, досуден по преглед на ситуацијата со ВАР системот.

Во осминафиналето Португалија ќе игра со Уругвај, а Шпанија ќе сочи со домаќинот Русија.

Иранците остануваат трети со четири поени, откако беа на чекор од изненадувачки успех и пласман понатаму, но Вахид Амир пропушти 100-процентна можност во дополнителното време.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска