Сите направени допинг контроли на Светското првенство во Бразил се негативни. Јиржи Дворжак, шефот на медицинскиот тим на ФИФА изјави дека заклучно со четвртфиналните натпревари нема ниту еден позитивен тест.
– Сите примероци се тестирани во лабараторијата во Лозана, откако ВАДА (Светска антидопинг агенција) ја одзема лиценцата за работа на лабараторијата во Рио де Женеиро. Досега на Мундијалот нема фудбалер кој користел недозволени стимулативни средства, изјави Дворжак.
Последен позитивен фудбалер на едно Светско првенство беше Диего Армандо Марадона. Тој на Мундијалот во САД 1994 година беше позитифен на ефедрин.