Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси пласманот на својата селекција во полуфиналето на Мундијалот во Бразил, го оцени како остварување на примарната цел, но најави дека „Гаучосите„ се желни за повеќе од тоа.
– Ја остваривме првата цел, а тоа е да бидеме меѓу четирите најдобри репрезентации на светот. Сега сакаме повеќе и подготвени сме за тоа, изјави Меси за аргентинските медиуми.
Среќен сум, додаде, за вчерашната победа над Белгија, а сега се насочуваме кон следите обврски, бидејќи нема да биде лесно.
Аргентина вчера со голот на Игуаин во 8-та минута ја победи селекцијата на Белгија со 1:0 во четвртфиналниот натпревар и се пласира во полуфиналето. За место во финалето ќе се бори со селекцијата на Холандија во вториот полуфинален меч на Мундијалот кој ќе се игра во Сао Паоло на 9 јули.