Светската фудбалска асоцијација – ФИФА како неоснована ја одби жалбата на Бразилскиот фудбалски сојуз која се однесуваше на суспендираниот капитен Тијаго Силва.
– Не можеме да ја прифатиме оваа жалба поради тоа што нема никакви основи според кои би размислувале за укинување на суспензијата, стои во образложените на ФИФА.
По оваа одлука и дефинитивно Силва ќе го пропушти полуфиналниот дуел од Мундијалот против Германија.
Бразилците се жалеа на престрого доделениот жолт картон во четвртфиналето против Колумбија, натпревар на кој Бразил победи со 2:1.
Домаќините на Светското првенство освен без Силва, вечерва (22 часот) против Германците ќе играат и без повредениот Нејмар.