Репрезентациите на Бразил и на Германија вечерва од 22 часот во Бело Хоризонте ќе го почнат првиот полуфинален мундијалски дуел.
Бразилците ќе ја имаат предноста поради тоа што играат на свој терен, но ќе настапат ослабени без нивната најголема ѕвезда Нејмар кој е повреден, а ќе го нема ниту капитенот Тијаго Силва поради парен број жолти картони.
Овој дуел ќе претставува реприза на финалето од СП 2002 година, кога во Јокохама „кариоките“ славеа со 2:0 и стигнаа до нивната петта титула.
Германија има три трофеи од Мундијалите. „Панцирите“ од 2006 година наваму имаат забележителни резултати на големите натпреварувања.
Тие секогаш стигнувале барем до полуфиналето, но не и до трофејот. Последен пат на тронот биле 1996 кога станаа европски шампиони.
На претходните две Светски првенства не ги поминаа полуфиналните пречки, изгубија од Италија и Шпанија.