Сопствениците го продаваат целиот клуб Јута Џез за 1,66 милијарди долари

Од:

Семејството Милер, во чија сопственост е НБА клубот од Солт Лејк Сити, Јута Џез, постигна договор за продажба на клубот на основачот на „Qualtrics“, Рајан Смит, пренесува „ESPN“.

Вкупната зделка, која ќе ја вклучува и арената во која тимот ги игра мечевите во Солт Лејк Сити, ќе биде околу 1,6 милијарди долари.

Рајан Смит е роден во Јута и е долгогодишен навивач на тимот. Претходните сопственици, семејството Милер, ја поседуваа Јута цели 36 години. Договорот сега мора да биде одобрен од Одборот на гувернери на НБА.

Минатата сезона Јута беше елиминирана во првото коло од конференцискиот плејоф, губејќи со 3-4 од Денвер.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа