Солскјер размислува за промена на шемата

Од:

Ремито 1-1 помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул би можело да биде пресврт во изборот на шемата за игра на Оле Гунар Солскјер. Во дербито, Норвежанецот излезе со тројца дефанзивци, што до одреден степен се покажа како успешно, па дури и го изненади менаџерот на тимот од Мерсисајд, Јирген Клоп.

Тројцата во одбрана во тоа време беа Виктор Линделоф, Хари Мегваер и Маркос Рохо. Како халф-бекови играа Арон Ван-Бисака и капитенот Ешли Јанг, откако двајцата покажаа силен отпор на Енди Робертсон и Трент Александар-Арнолд.

– Ова може да се развие во нешто, затоа што имаме играчи, за да играме со тројца во одбрана. Секако дека постои ризик кога играте со тројца во одбрана против тројца во напад за вашиот противник, но моравме да го преземеме тој ризик. Го сторивме тоа за да создадеме шанси. Мислев дека голот е совршен пример за тоа како сакаме да играме, вели менторот.

Голот на Рашфорд дојде од брз контранапад, а Даниел Џејмс буквално леташе на десното крило и обезбеди совршен пас, а Солскјаер потврди дека тимот треба да игра со поголема брзина и да биде директен.

– Подобри сме, кога напаѓаме брзо – без да ја забавуваме топката. Треба да ја изнаесуваме топката брзо – не мора да биде контранапад. Зборував за ова пред натпреварот: потребни се повеќе ризици, треба да бидеме похрабри. Не е важно дали ќе ја изгубиме топката таму, бидејќи можеме повторно да ја освоиме. Во финалето на Лигата на шампионите, Ливерпул доби пенал по 40 секунди игра, откако топката беше пуштена зад одбраната и ја погоди раката на играчот на Тотенхем. Сè работи за тоа да го играш вистинскиот фудбал и да го правиме тоа директно, рече Солскјер.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска