Солскjер пред реваншот со Сити: За да ги победиме, мора да имаме совршен натпревар

Од:

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги сподели своите размислувања пред натпреварот од англискиот лига куп против Манчестер сити.

– Мора да имаме перфектен натпревар за да победиме против толку добра екипа со потребните два гола разлика. Мора да се вратиме и да размислиме за средбата со ПСЖ дека такво нешто е остварливо. Покрај тоа, натпреварот што го игравме во декември исто така ни дава надеж. Ги победивме последен пат, кога малку беа во криза, но по тој меч тие почнаа да играат многу добро, изјави Солскјер.

Тој се пожали на проблемот со повредени играчи.

– Ги загубивме Скот Мактомини и Маркус Рашфорд во однос на тој натпревар. Изборот на играчи ни е намален, но тоа е што е. Треба да се обидеме да оствариме што поголем посед на топката и данатераме играчите на Сити да трчаат по тоа, рече Солскер.

Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на англиската лига, Манчестер сити го совлада Јунајтед со 3:1. Реванш натпреварот ќе се одржи утре (29 јануари) на теренот на Сити со почеток во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска