Солскјер: Некои играчи треба да се вратат во реалноста

Од:

Дел од играчите на Манчестер Јунајтед треба да се вратат во реалноста за повторно да ја пронајдат својата форма, вели менаџерот на тимот Оле Гунар Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ изгубија пет од последните седум натпревари на сите турнири, а нивото на перформанси значително се намали, откако Норвежанецот беше за постојано назначен на позицијата.

– Научив многу за моите играчи во текот на неколкуте месеци откако сум тука, и повеќето од нив навистина ме импресионираа, се разбира, има и такви кои треба да се вратат во реалноста и да знаат каде се. Повеќето од нив знаат, дека тие можат да станат многу подобри ако продолжат да работат Јас зборував со сите одделно. Марсијал е еден од нив. Тој има голем талент, потпиша нов договор и знае дека му веруваме. Едноставно треба да продолжи да работи. Мислам дека секој што игра за Манчестер Јунајтед треба да има доволно придонес, за да остане во тимот. Нема разлика дали е Антони, Рашфорд, Лукаку, Алексис или сите други напаѓачи, од кои избираме, рече Солскјер на денешниот прес.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска