Американецот Џек Сок ќе игра во полуфиналето на тенискиот Матсерс во Лондон, откако синоќа во третото коло од групата „Борис Бекер“ го победи Александер Зверев (Германија) со 2-1.
Сок ги доби првиот и третиот сет со по 6:4, на Зверев му припадна вториот со 6:1.
На првиот меч од 3. коло во оваа група Роџер Федерер беше подобар од Марин Чилиќ со 2-1.
Во полуфиналето Сок ќе игра со Бугаринот Григор Димитров, додека втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Роџер Федерер и победникот од денешниот меч Доминик Тим – Давид Гофин.