Собрани над три милиони денари во акцијата „Купи билет за спас на Вардар“

Од:

Навивачката група „Комити“ на актуелниот македонски фудбалски првак денеска ги изнесе во јавноста финансиските детали од акцијата „Купи билет за спас на Вардар“, информирајќи дека се собрани вкупно 3.338.100 денари.

Од вкупните средства обезбедени со продажбата на 33.381 виртуелни билети за првенствениот натпревар против Пелистер на Арената „Тодор Проески“, како што е најавено, 2.6 милиони денари ќе бидат наменети за плати за фудбалерите и стручниот штаб, кои немаат примања повеќе од една година.

Со остатокот од собраните средства ќе биде платен данок во Управата за јавни приходи и ќе биде подмирена провизијата за компанијата „МК Тикетс“, преку која се одвиваше продажбата на билетите.

-Соборен е секој рекорд на спортски натпревар на Националната арена и воопшто во кој било друг спортски настан. Оваа акција беше поддржана од целиот народ и доби широк замав затоа што беше искрена. Вардар ќе живее иако тоа некој не го посакува. Ќе живее бидејќи го има народот зад себе, порача еден од иницијаторите на акцијата Милорад Миленковски на денешната прес конференција, на која присуствуваа и членовите на стручниот штаб на Вардар, предводен од тренерот Никола Илиевски, како и дел од фудбалерите на чело со капитенот Дејан Блажевски.

Изразувајќи огромна благодарност до навивачите за нивниот обид за спас на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Илиевски изрази надеж дека градот и државата ќе се вклучат за надминување на тешката финансиска состојба во која се наоѓа Вардар.

-Се надевам дека треба да се надминат проблемите заедно со градот и државата и мотивирани од тоа што го направија „Комитите“ очекувам на најдобар можен начин да се овозможат барем минимални условиза работа за овие фудбалери кои го даваат својот максимум на теренот, истакна тренерот на Вардар.

Би можело да ве интересира

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

Орце Костов

ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот

ЛДП обезбеди финансиска поддршка на ФК Вардар во Град Скопје