Соборен рекордот на Федерер според бројот на Мастерс настапи

Од:

Шпанецот Фелисијано Лопез стана играч со најмногу настапи на турнирите од Мастерс серијата во историјата на светскиот тенис.

Лопез, кој неодамна го прослави својот 40. роденден, стана рекордер со настапот во 1. коло на турнирот во Индијан Велс, во кое иако загуби од Торни Пола со 2:0 во сетови, го одигра својот 139. натпревар на Мастерс турнирите и со тоа го остави зад себе досегашниот рекордер, Швајцарецот Роџер Федерер.

– Не очекував дека со своите 40 години ќе играм на Индијан Велс. Роџер, за жал, има повреда на коленото, а јас ја имав таа можност да се натпреварувам и во овие години. Сепак ова е турнир од серијата 1000 и уште една можност за мене да се натпреварувам на највисоко ниво, изјави Лопез по соборувањето на рекордот.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски