Славниот бразилски клуб „Ботафого“ испадна во Втората лига

Од:

Еден од најпопуларните бразилски фудбалски клубови Ботафого од Рио де Женеиро трет пат во својата 116-годишна историја испадна во Втората лига, по поразот од Спорт Ресифе од 1:0.

Ботафого, чиј дрес во минатото го носеа многу славни бразилски фудбалери, вклучувајќи го и легендарниот Гаринча, е во големи финансиски проблеми, што дополнително ги усложни пандемијата на коронавирус.

И покрај неколкуте звучни имиња во актуелниот состав, како Саломон Калу и Кеисику Хонда, клубот од југоистокот на Рио, одигра катастрофално лоша сезона и на крајот го загуби прволигашкиот статус со дури 18 порази на 34 натпревари.

Двократниот бразилски првак, од 1968 и 1995 година, претходно испаѓаше во Втората лига во 2003 и 2015 година, а идната сезона во второлигашката конкуренција друштво ќе му прави уште еден голем бразилски клуб, Крузеиро.

Би можело да ве интересира

Тите заминува и не може да се помири: Шутнаа само еднаш

ВИДЕО: Бразил е во осминафинале, со триумфот над Швајцарија одигра и за Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Атлетико Минеиро бразилски шампион по пауза од 50 години

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Квалификации СП 2022: Нови победи на Бразил и на Аргентина

Тијаго Силва го одигра 100. натпревар за бразилската репрезентација

Ана Ололовска