Славиша Кокеза поднесе оставка на чело на Фудбалската федерација на Србија, под притисок на случајот Беливук

Од:

Неотповиклива оставка на должноста поднесе денеска претседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) Славиша Кокеза, кој неодамна беше сослушан од полицијата поради сомневање за наводна поврзаност со криминалната група на Вељко Беливук, кој бил еден од водачите на навивачите на белградски Партизан, а сега е обвинет за серија убиства, киднапирања и трговија со дрога.

Соопштувајќи ја одлуката, Кокеза наведе дека оставката ја поднесува соочен со лажни обвинувања и брутален атак врз неговата личност.

-Се повлекувам од местото претседател на ФСС за да можам целосно да се ставам во служба на правдата и вистината, изјави Кокеза, кој застана на чело на ФСС во мај 2016 година.

Дел од српските медиуми, повикувајќи се на извори од истрагата, објавија неодамна дека Кокеза при полициското сослушување за наводните врски со криминалната група на Беливук, бил испрашуван и за наводна вмешаност во подготвување атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски