Скола: Дојдов тука да играм и го правам токму тоа

Од:

Големиот марш на Аргентина до финалето на Светското првенство во кошарка го предводи легендата на тимот Луис Скола. 39-годишниот Аргентинец забележа 28 поени и 13 скока во победата на „гаучосите“ над Франција во полуфиналето на Мундијалот.

Скола по мечот изјави дека сè уште ужива да игра и дошол во Кина да го стори токму тоа.

– Пред две години, реков дека овој тим врати многу спомени од златната генерација што ја имавме пред околу 20 години. Многу луѓе мислеа дека сум луд. Денес не мислам дека сум толку луд. Ние сме на исто место како во 2002 година. Сакам да играм и да правам работи на теренот. Мислам дека сè уште можам да го сторам тоа. Се чувствувам непријатно кога некој ќе ми каже што можам да донесам во соблекувалната или на клупата. Дојдов тука да играм и го правам токму тоа, категоричен е ветеранот.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ