Скандалозна изјава на шпански политичар: „Новак Ѓоковиќ е пријател на геноцидот и путинист

Од:

Шпанскиот политичар и научник Пабло Еченикe на Твитер објави скандалозен коментар за тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Еченике се радуваше на победата на Алкараз, но и ја искористи приликата да ги испрати своите коментари до српскиот тенисер.

„Алкараз е апсолутно импресивен и она што е најдобро од се – тој победи ултрадесничар, путинист, пријател на геноцидот, антиваксер и теоретичар на заговор. Тоа ја прави оваа победа уште поголема“, напиша Еченике на Твитер.

Твитер ја означи неговата објава како невистинита, а потоа дадоа објаснување под скандалозниот твит:

„Новак Ѓоковиќ никогаш не се позиционирал во корист на ниту една политичка партија, ниту на Путин (индиректно тоа е неговиот татко), ниту на некаков геноцид.

Ѓоковиќ се спротивстави на вакцината против Ковид-19, но не и на другите вакцини во вообичаениот распоред за вакцинација“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тенисерите на Србија повторно излегоа со истата спорна песна

Предраг Петровиќ

Фереро: За Новак останав без зборови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Стотици фанови го чекаа Ноле пред хотелот по победата во Торино

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го остави Федерер зад себе и го урна последниот рекорд на Швајцарецот

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ: Подготвен сум да го нападнам и рекордот на Конорс по број на титули

Ѓоковиќ го совлада Димитров за седмиот трофеј на Мастерсот во Париз

Предраг Петровиќ