Сити тргнува по Жоао Феликс

Од:

Спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристајн остварил средба со агентот на фудбалерот на Бенфика, Жоао Феликс – Жорже Мендеш оваа недела во Франкфурт, откриваат британските изданија.

„Граѓаните“ покажуваат многу сериозен интерес кон португалскиот талент, кој е сметан за новиот Кристијано Роналдо.

Лично менаџерот на „небесносините“, Пеп Гвардиола инсистирал пред раководството на клубот за привлекување на 19-годишниот фудбалер.

Се смета дека Манчестер Сити е подготвен да ја активира клаузулата која е запишана во договорот на Феликс со Бенфика, за да си ги обезбеди неговите услуги. Таа изнесува 120 милиони евра.

Англискиот клуб напредува во преговорите со агентот на играчот – Жорже Мендеш, кој исто така е од клучно значење. Ако Манчестер Сити се разбере со Мендеш за личните услови на Феликс, тогаш „граѓаните“ не се очекува да имаат проблем да го остварат трансферот.

Последните информации кажуваат дека Сити во оваа фаза е чекор пред Јувентус и Реал Мадрид во битката за потписот на младиот талент.

Потсетуваме дека пред неколку дена во португалските медиуми се појавија информации дека од Бенфика отфрлиле понуда во вредност од 75 милиони евра од Јувентус за Феликс.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска