Сити нема намера да го враќа Санчо

Од:

Манчестер Сити нема намера да го враќи Џејден Санчо.

Англискиот репрезентативец блеска за Борусија Дортмунд и предизвика интерес кај водечките екипи на Островот.

Германците се подготвени да се разделат со него за околу 100 милиони фунти, но немаат планови да го сторат тоа во јануари.

„Граѓаните“ имаат опција да се вклучат во битката за Санчо, за кого собраа 8 милиони во 2017 година. Постои клаузула во договорот Сити-Борусија која им овозможува на Британците да бидат фактор во иднината на играчот.

Доколку Дортмунд прифати понуда за одредена сума, тие се должни да го известат Сити и, доколку англискиот шампион даде иста сума, да ја прифати понудата.

Клубот на Гвардиола е подготвен да земе фудбалер на оваа позиција, бидејќи преговорите со Лерој Сане за нов договор беа неуспешни и Германецот, кој во моментов е повреден, најверојатно ќе го напушти „Етихад“.

Санчо, сепак, не е на списокот на шпанскиот менаџер, тврди „Мирор“.

Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Челзи покажуваат интерес за фудбалерот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска