Сите израелски олимпијци во Токио ќе бидат вакцинирани

Од:

Израел планира да ги вакцинира против Ковид-19 сите свои спортисти, кои би требало да настапат на претстојните Олимписки игри во Токио, објави денеска Израелскиот олимписки комитет.

Вакцинацијата на израелските олимпијци е планирано да заврши до мај, два месеци пред најавеното отворањето на Игрите во Токио, на 23 јули.

-Во рамки на израелската процедура за вакцинирање против коронавирус досега веќе 50 проценти од сите наши олимпијци, кои треба да заминат во Токио, се вакцинирани. До крајот на мај 2021 ќе бидат вакцинирани сите спортисти, соопшти Израелскиот олимписки комитет.

Израел во моментов е водечка земја во светот според бројот на вакцинирани против Ковид-19, со 29 отсто од населението, кое досега примило барем една доза од вакцината.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск