Сите англиски навивачи на ЕУРО2020 ќе мора да имаат ковид-пасоши

Од:

Навивачите на англиската фудбалска репрезентација ќе мораат да покажат ковид пасоши доколку сакаат да присуствуваат на натпреварите што во рамките на групната фаза од ЕУРО2020 ќе се играат на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Како што пренесува денеска британскиот јавен сервис Би-би-си, сопствениците на влезници од Велика Британија, кои се постари од 11 години, ќе мораат да покажат доказ за вакцинација, односно дека примиле две дози од вакцина против коронавирус најмалку 14 денови пред натпреварот.

Невакцинирани сопственици на билети за ЕУРО2020, за влез на „Вембли“ ќе мораат да покажат негативен тест на Ковид-19 не постар од 48 часови пред почетокот на натпреварот.

Би-Би-Си пренесува дека сопствениците на билети за натпреварите на Шкотска на „Хемден Парк“ во Глазгов нема да мораат да приложат негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв