Синиша Михајловиќ го објави емотивното писмо што го добил од Еди Рама

Од:

Српскиот фудбалски стратег Синиша Михајловиќ, кој излезе како победник во битката со леукемијата, неодамна ја издаде книгата „Натпревар на животот“ во која ја опишува животната борба со тешката болест. Во неа го објави и писмото кое го добил од премиерот на Албанија, Еди Рама, потенцирајќи, „не се случува често да добиете вакви пораки“.

Фудбалот ги урива сите бариери, а Еди Рама кога бил во Нови Сад на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал контакт од Синиша Михајловиќ за да му испрати писмо.

Михајловиќ го објави во целост писмото од Рама:

„Почитуван господине, јас сум Еди Рама, премиер на Албанија и поранешен играч на албанскиот национален тим во кошарка и стар фан на Сампдорија на Вујадин Бошков. Го добив вашиот телефонски број од нашиот заеднички пријател, Александар Вучиќ.

Минатата ноќ зборувавме за Вас во Нови Сад. Секогаш сакав да го изразам моето воодушевување за начинот на кој се справувате со најстрашниот непријател на животот, но и да ви кажам дека откако ќе поразивте многу голмани директно од белата точка, сигурно сте способен и да ја поразите дури и сенката која се појавила меѓу Вас и вашата порта на иднината.

Многу добро ја знам опасноста од тоа вакви пораки на солидарност да можат да бидат здодевни за личност каква што сте Вие, но Ве уверувам дека мојата порака не е од таква природа. Таа е израз на моето воодушевување кон Вас.

Ви се извинувам што не можев подобро да ги изразам моите чувства на благодарност и симпатија кон Вас, но доколку е потребен сведок, тогаш нашиот заеднички пријател (Александар Вучиќ) може да ве увери во тоа, со години речиси и да не се случило на нашите заеднички средби да не ве споменам како посебна фигура во светот на фудбалот.

Ви посакувам се најдобро на вас и на вашите сакани, нема веќе да ви досадувам со надеж дека еден ден ќе можам да ве запознаам лично.

Е.Р.“

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски

Рама од Скопје: Границата помеѓу Косово и Србија е вон контрола, да се зголеми бројот на силите на НАТО

Орце Костов