Симоне Инзаги нов тренер на Интер

Од:

Поранешниот предводник на Лацио, Симоне Инзаги го презеде Интер. Четириесет и петгодишниот фудбалски стручњак потпиша двегодишен договор со „нероаѕурите“.

На функцијата, тој го наследи Антонио Конте, кој минатата сезона го водеше миланскиот клуб до победа во италијанскиот шампионат.

Инзаги беше фудбалер на Лацио од 1999 до 2010 година, освојувајќи го шампионатот на Италија, Купот на Италија (три пати) и Суперкупот на Италија, како и Суперкупот на УЕФА.

Како тренер на римскиот тим од 2016 до 2021 година, еднаш го освои Купот на Италија и двапати Суперкупот на Италија.

Би можело да ве интересира

Интер одби да го продаде Лукаку на Челзи за 130 милиони евра

Ана Ололовска

Киево прогласи банкрот и е исклучен од Серија Б

Ана Ололовска

Рома нуди 15 милиони евра за Лангле, Барса сака најмалку 25

Ана Ололовска

Буфон: Следува Мундијалот 2022, сонувам, но Манчини тешко дека ќе ми се јави

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мурињо користи дронови и голем екран на тренинзите на Ромa

Ана Ололовска

Рома извојува победа со двоцифрена разлика на првиот натпревар под водство на Мурињо

Ана Ололовска