Симеоне објасни зошто не се ракуваше со Клоп по поразот од Ливерпул

Од:

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, објасни зошто не се ракуваше со тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по синоќешниот пораз од Ливерпул (2:3) во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Вообичаено не се ракувам со никого по натпревар, бидејќи не ми се допаѓа оваа традиција. Мислам дека ова не треба да се направи. Сепак, следниот пат кога ќе се сретнам со Јирген, дефинитивно ќе го поздравам. Тоа беше тежок натпревар против силен противник кој обично победува и постигнува многу голови. Не го започнавме натпреварот како што беше планирано. По вториот примен гол, почнавме да играме нешто. Имавме шанси да напредуваме во резултатот, имавме предност, но голманот на Ливерпул се покажа како одличен. Добро се приспособивме по исклучувањето на Гризман. Во претходното коло бевме во мнозинство против Милан, сега бевме во малцинство. Не видов причина за црвениот картон, но судијата го виде тоа, така што останавме со десет играчи речиси цело второ полувреме, истакна Симеоне.

Веднаш по последниот судиски свиреж, Симеоне отиде во соблекуваните, додека Клоп се ракуваше со играчите и остатокот од персоналот на Атлетико.

Шпанскиот тим е втор во групата Б со четири бода на три натпревари, Ливерпул води со максимални девет бода.

Би можело да ве интересира

Пиоли: Натпреварот против Атлетико е последна шанса за Милан во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

Роналдо за голот против Виљареал: Мило ми е што постигнав гол и победив во Шпанија, каде секогаш се чувствував посебно

Ана Ололовска

Тухел по триумфот над Јувентус: Не смее да не зафати еуфорија

Ана Ололовска

Јувентус го претрпе најголемиот пораз во Лигата на шампионите во последните 63 години

Ана Ололовска

Коронавирусот повторно ги затвора стадионите, Лајпциг без публика во Лигата на шампиони

Катерина Павлова-Николовска

Клоп: Одигравме речиси совршен натпревар

Ана Ололовска