Симеоне: Имаме сили да ја поминеме групната фаза од ЛШ

Од:

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеон верува дека неговиот тим ќе успее да се избори за место во елиминација фаза на Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ по три рунди имаат само два бода, но тоа не го обесхрабрува темпераментниот тренер.

– Верувам во овие фудбалери и знам дека тие се способни да прогресираат на табелата во групата. Сепак, треба да ја подобриме нашата игра при завршување на нападите. Нерешен исход може да се случи на секој натпревар. Со Карабах не искористивме неколку шанси. Сепак до крајот има уште три средби и имаме можност да освоиме доволно бодови за да одиме во следната фаза, истакна аргентинскиот фудбалски стручњак.

Во Ц-групата на првите две места се Челзи со 7 и Рома со 5 бода, Атлетико е трет со 2, Карабах има 1 бод.

Како тренер, Симеоне го предводеше Атлетико до две финалиња во Лигата на Шампионите.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска