Симеоне: Благодарен сум му на Гризман за се

Од:

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне изјави дека е благодарен на напаѓачот Антоан Гризман за се што направил за „јорганџиите“.

„Првин, благодарен сум му на Гризман за петте фантастични години поминати во клубот. Можам само да му кажам благодарам за се што направил. Многу го сакам како човек и имам одличен однос со неговото семејство“, рекол Симеоне.

Како што пренесува „Марка“, Симеоне додал дека клубот и тој сториле се што можеле со Гризман, и дека го смета за најдобриот стрелец во историјата на клубот.

Гризмани во Атлетико дојде во 2014 година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра, а со мадридскиот клуб играл во финалето на Лигата на шампиони и ја освоил титулата на Лига Европа.

Изјавата на Симеоне уследи по објавата на францускиот фудбалер дека следната сезона ќе замине од Мадрид, и дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска