Шампионот на Англија, Манчестер Сити успеа пред стартот на новата сезона да договори продолжување на соработката со еден од своите најдобри играчи – Давид Силва. Шпанецот Силва и во следните пет сезони ќе го носи дресот на „граѓаните“.
– Манчестер Сити е мојот „втор дом“. Убаво ми е тука, имам шанса за освојување на трофеи и затоа не гледам причина за го напуштам клубот. Пресреќен сум со потпишувањето на договорот, изјави за Би-Би-Си, Силва.
По преминот од Валенсија во Манчестер Сити во 2010 година за „граѓаните“ има одиграно 127 натпревари и постигнато 21 гол.