Шведска и Шпанија изборија пласман во осминафиналето на ЕП

Од:

Репрезентациите на Шпанија и на Шведска ќе играат во осминафиналето на Европското првенство, додека Словачка и Полска се елиминирани по завршување на групната фаза.

Ова е епилогот од Е-групата по завршувањето на натпреварите од 3. коло, одиграни вечерва во Севилја и Санкт Петербург.

Шпанија пред своите навивачи ја декласира Словачка со 5:0, додека Шведска на руска територија ја совлада Полска со 3:2.

Табела: Шведска 7 бодови, Шпанија 5, Словачка 3, Полска 1.

Во осминафиналето Шпанија ќе се соочи со Хрватска на 28 јуни во Копенхаген, додека Шведска со третопласираната селекција од Б, Ц или Д групата.

Би можело да ве интересира

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски

Во Италија загина 22-годишно момче, а десетици се повредени во шампионската прослава

Жарко Настоски

Англија се избори за своето прво финале на европските првенства

Жарко Настоски

Италија по четврти пат е во финалето на европските првенства

Жарко Настоски