Швајцарската сребрена монета од 20 франци ќе биде со ликот на Федерер од 2020 година

Од:

Тениската легенда Роџер Федерер ќе стане првиот жив човек со направена монета во негова чест – 20 франци со ликот на Маестро од јануари следната година.

Триесет и осум-годишниот тенисер, 20-кратен Гренд Слем шампион, многумина го сметаат за најголем во историјата на спортот и е национален херој на Швајцарија. „Свисминт“ потврди дека 55.000 од монетите, вклучително и Федерер кој изведува бекхенд, ќе бидат произведени и достапни за претпродажба во вторник на 19 декември.

– Спортските достигнувања на Роџер Федерер, неговите добротворни иницијативи, неговиот одличен карактер го поттикнаа „Свисминт“ да му ја посвети оваа сребрена монета од 20 франци – за прв пат тоа да се случи на жива личност, изјави портпаролот на „Свисминт“.

Во пресрет на големата побарувачка, „Свисминт“ сподели дека уште 40.000 би можеле да бидат пуштени во продажба во мај, додека златната паричка од 50 франци, која има различен дизајн, исто така, ќе се произведува во 2020 година.

„Благодарам, Швајцарија и „Свисминт“ за оваа неверојатна чест и привилегија“, напиша самиот Федерер на „Твитер“.

Последната спортско-ориентирана комеморативна монета беше објавена во 2015 година и го слави Хорнусен – традиционален швајцарски спорт што го практикуваат земјоделците (мешавина меѓу голф и бејзбол).

Би можело да ве интересира

Федерер: Знам дека се приближува времето кога ќе ја завршам кариерата и мислам дека ќе ми недостига многу

А1он

АТП со промена во системот на рангирање во услови на пандемија

А1он

Беноа Пер: Не сакам да играм на УС Опен, сакам да останам жив

А1он

„Ролан Гарос“ планира да прима до 20.000 гледачи на ден

А1он

ВТА турнирот во Прага може да се одржи во август

А1он

Мареј: Поради календарот на АТП, многу врвни играчи ќе пропуштат големи турнири

Ана Ололовска