Младата македонска репрезентација составена од играчи до 21 година денеска во швајцарскиот град Шафхаузен ќе ги започне квалификациските натпревари за Европското првенство во Данска кое ќе се одржи од 28 јули до 7 август 2016 година.
Избраниците на в.д. селекторот Јовиќ на отворањето за противници ќе ја имаат домашната репрезентација на Швајцарија во мечот кој ќе се игра од 19 часот и 30 минути.
Утре (сабота) во терминот од 17 часот Македонија е апсолутен фаворит во дуелот со аутсајдерот во групата репрезентацијата на Фарски Острови, а во последното коло во недела (10 април) од 10 часот и 30 минути жрвено-жолтите ќе играат против Црна Гора.
Според системот на натпреварување, најдобро пласираните две репрезентации од квалификациската група ќе обезбедат учество на Европското првенство во Данска.