Најзаслужните за пласманот на Вардар во четвртфиналето од ракометната Лига на шампиони, голманот Арпад Штербик и пивотот Алем Тоскиќ се најдоа меѓу најдобрите од колото во изборот на ЕХФ-ТВ.
Штербик ја има најдобрата одбрана на колото, додека Тоскиќ е во идеалните седум.
Идеален тим според ЕХФ:
голман – Никлас Ландин (Кил)
лево крило – Андерс Егерт (Фленсбург)
лев бек – Дмитри Житников (Висла)
среден бек – Стефан Вујиќ (ППД Загреб)
десен бек – Денис Бунтиќ (Киелце)
десно крило – Драган Гајиќ (Монпелје)
пивот – Алем Тоскиќ (Вардар).