Шпанските кошаркарки ја освоија европската титула

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Шпанија е новиот европски шампион.

Кошаркарките на Шпанија заслужено ја освоија европската титула откако во финалето на Европското првенство што се одржуваше во Чешка забележаа убедлива победа над Франција со 71-55.

Литл со 19 поени и 9 скокови и Торенс со 18 кошеви ја предводеа „црвената-фурија“ до европската титула, вкупно трета за оваа земја чии кошаркарки се искачија на европскиот трон во 1993 и 2013 година.

За Французинките ова беше втор пораз во низа во финалето, откако пред две години беа поразени од селекцијата на Србија.

Бронзениот медал им припадна на кошаркарките од Белгија, кои во дуелот зе третото место ја декласираа Грција со 78:45.

Следното женско Европско првенство ќе се одржи за две години во Летонија и Србија, додека машкото на програмата е на крајот на август и почетокот на септември.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга