Ракометната репрезентација на Шпанија е вториот финалист на ЕП во Полска, бидејќи синоќа во второто полуфинале ја победи Хрватска со 33:29.
Решавачката предност Шпанците ја направија во финишот на првиот дел кога по водството на Хрватска од 13:10 со серија од 8:1 успеаја да поведат со 18:14, предност која ја задржаа и во вторите 30 минути.
Антонио Гарсија и Валеро Ривера со по шест голови беа најефикасни кај Шпанија, Иван Слишковиќ исто толкупостигна за Хрватска.
За својата прва титула европски шампион Шпанија утреќе се бори со Германија.
Како предигра на финалето Хрватска и Норвешка ќе го имаат дуелот за бронзениот медал.