Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето на СП 2019

Од:

Шпанија не дозволи изненадување против Полска и стави крај на приказната за ривалот кој се врати на завршница на Светско првенство по отсуство од повеќе од половина век.

Светските шампиони за 2006 година го добија четвртфиналниот судир со 90:78 (22:18, 24:23; 21:17, 23:20) по што се пласираа во полуфиналето, каде ја очекуваат Австралија или сензацијата на турнирот досега – Чешка.

Рики Рубио беше најефикасен кај победниците со 19 поени, 9 аситенции, 5 скока, а Вили Ернангомез му помогна со 18, додека кај Полјаците најмногу се истакна Еј Џеј Слотер со 19 коша, надополнети со 6 асистенции.

Би можело да ве интересира

Милс изненаден зошто го нема во идеалната петорка на СП

ВИДЕО: Светските кошаркарски шампиони се вратија дома

Скола: Дојдов тука да играм и го правам токму тоа

Коле се пожали: Не е фер еден тим да има два дена одмор, а другиот да има само еден

Аргентина ја елиминираше Франција и ќе спори за титулата на Светското

Ѓорѓевиќ по триумфот над САД: Игравме како тим