Шпанија ја понижи Аргентина

Од:

Шпанија ја победи Аргентина со убедливи 6:1 на пријателски фудбалски натпревар одигран синоќа во Мадрид и предизвика низа критики кај аргентинската фудбалска јавност упатени до селекторот Хорхе Сампаоли поради составот со кој настапија „Гаучосите“.

„Катастрофата“ на светскиот вицепрвак ја најави Диего Коста уште во 12. минута по асистенција, за 15 минути подоцна Иско да зголеми на 2:0. Отаменди намали на 2:1 пред крајот на првиот дел, а потоа, во второто полувреме следуваа четири погодоци за домашните фудбалери. Двапати погоди Иско, а по еднаш во листата стрелци се запишаа Алкантара и Аспас.

За Аргентина ова беше еден од трите најтешки порази во историјата. Навивачите вината ја посочуваат кај селекторот, бидејќи не ги повика Дибала и Икарди кои играат во одлична форма за Јувентус, односно Интер.

Гостите во составот ги немаа ниту повредените Меси и Агуеро.

Би можело да ве интересира

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Меси спие со трофејот од СП

(ВИДЕО) Избегната трагедија: Меси ќе настрадаше само што пристигна во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Светските прваци ја донесоа титулата во Аргентина: Спектакулрен пречек во Буенос Аирес

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска